Тијана во жирито на „Пинкови ѕвездички“: Почнува снимањето на новата сезона на музичкото шоу

By

Тијана Дапчевиќ ќе биде дел од жирито во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Тијана изминатите години често се појавуваше како жири во шоуто „Никогаш не е доцна”.

dobivaj vesti na viber

Таа ќе го оценува талентот на децата заедно со Јелена Томашевиќ, Сергеј Ќетковиќ, Леонтина Вукомановиќ, и Анѓелина, која важи за една од најпопуларните млади печајки во Србија. Во жирито овој пат нема да бидат Гоца Тржан и Милан Станковиќ, кои беа дел од шоуто од првата сезона.

Снимањето на шоуто почнува следната недела и првите епизоди ќе се снимаат на 17 и 18 октомври. За сега не се знае кога шоуто ќе почне да се прикажува на телевизија, пишува „Телеграф“.

Во „Пинкови ѕвездички“ изминатите години имаше многу натпреварувачи од Македонија, па со шоуто се прославија Антониа Гиговска, Мартија Станојковиќ, Трајче Георгиев, Лина Пејовска и други.

Ќе ви се допадне