Толку радост како прв пат кога дознав дека ќе станам мајка: Сузана Гавазова емотивна за роденденот на ќерката Емили

Фолк пејачката Сузана Гавазова заедно со сопругот Јасмин и помалата ќерка Селена, го прославија роденден на, како постарата ќерка Емили.

Ќерката на Гавазова наполни 9 години, а фолк пејачката сподели фотографии од забавата.

„Секој твој роденден ми дава исто толку радост колку што ми даде кога прв пат ја слушнав веста дека ќе станам мајка. Среќен роденден љубов моја. Среќен роденден ќерко моја, да си ми жива и здрава! Те сакам најмногу“, вели Гавазова. Фолк пејачката во моментов е во Австралија каде пее за нашинците таму, а настапи има заедно и со Татјана Лазаревска, која веќе долги години живее со семејството во Австралија.

Scroll to Top