Тони Зен му подари на Шилегов два албума, градоначалникот ја предизвика Шекеринска за поддршка на македонските пејачи

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, денеска се пофали дека добил подарок два албума од Тони Зен. Песните го потсетиле на времето кога бил млад и кога во Скопје можеле да се купат само плочи.

Тоа го поттикнало да купи албуми од тројца македонски пејачи и на тој начин да се вклучи во кампањата за да им помогне на музичарите.

„Во деновите кога задолжитено седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, идеална е можноста да ја поддржиме домашната музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани“, напиша Шилегов.

Тој се пофали и дека албумите им ги подарил на Коста Петров, Радмила Шекеринска и на Јани Макрадули и ги предизвика и тие да се вклучат во локалниот музички предизвик, кој се шири на социјалните мрежи, со цел да ги поддржат музичарите во продажбата на своите албуми.

За потсетување, голем број од музичарите беа засегнати од пандемијата на коронавирусот и не можеа да работат и да настапуваат речиси цела измината, а и оваа година, поради мерките што ги донесе Владата.

Scroll to Top