Тони Зен се ожени и стана татко

Хип-хоп музичарот Тони Зен пред еден месец стана татко. Тој неодамна се ожени, а неговата сопруга го роди синот Јасен. Музичарот скоро никогаш не зборувал за својот приватен живот во јавноста, па веста за свадбата и раѓањето на синот долго време ја држеше во тајност.

„Бидејќи четвртоците во ‘Станица’ станаа многу популарни, дојде телевизиска екипа да снимиме интервју, не само со мене, туку со уште двајца диџеи. Новинарката ме праша дали сум заљубен, па ѝ одговорив дека сум заљубен дека се оженив и дека имам син“, раскажа Зен за „Репортер“.

Музичарот ни откри и дека наскоро ќе го промовира новиот албум.

„Албумот е готов, песните се снимени и во моментов се печати. Ќе го промовирам по празниците“, додаде тој.

(А.Ј)
Фото: Фејсбук

Scroll to Top