Тони Зен во затворот „Идризово“

By

Раперот Тони Зен, заедно со македонски хип хоп артисти – Пука Козметика, Фатос Бомба, Огнен битбокс со песна ги расположија осудените во затворот „Идризово“.

Концертната забава била пред 70-тина затвореници . Настанот го организираа Здружението за пенална и постпенална помош на осудени лица, Просоцијал“ во соработка со КПУ „Идризово“.

Овој музички настан е дел од активностите од секторот за ресоцијализација во установата, и има за цел олеснување и полесна социјална адаптација на осудените лица во затворските услови на живот.

Општо познато е дека хип хоп културата и нејзините практикувачи имаат големо чувство на општествена одговорност која ја искажуваат преку своите текстови, но и преку други социјални активности.

Едночасовниот концерт поминал одлично и пејачите имале супер прием од лицата кои издржуваат затворска казна.

Ќе ви се допадне