Тоше е убиен, тврди српско-францускиот детектив Југослав Петрушиќ

Српско-францускиот детектив, разузнавач и војник на Франција Југослав Петршиќ тврди дека Тоше Проески е намерно убиен пред 10 години во Хрватска.

Деновиве повторно на социјалните мрежи се актуелизира темата дали поп-ѕвездата загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка или, пак, намерно е убиен, како што тврди разузнавачот Петришиќ. Темава повторно е актуелна и во Србија.

„Тоше спиел по пат и не бил свесен за време на смртта“, вели познатиот балкански разузнавач Петручиќ и тврди дека ова не е несреќен случај. Иако до сега повеќепати се зборувало и пишувало за ова, Југослав посочува докази во видеото во кое зборува.

„Со брзината со која се движел џипот и половината со која удрил во камионот не е можно да не бидат повредени сериозно возачот и сопатникот во џипот. Џипот е робусно возило, има многу јаки врвови и во ситуација на разорување и таков удар луѓето кои се внатре ќе имаат сериозни повреди“, тврди Патришиќ.

 

Scroll to Top