Тоше и Габриела Зафирови се првите Македонци кои освоија медали на натпреварот МР Олимпија

Шампионите во бодибилдинг Тоше Зафиров и неговата сопруга Габриела станаа првите Македонци кои освоија медали на натпреварот МР Олимпија, во Букурешт Романија.

Зафиров освои една, додека неговата сопруга освоила два медала.

„Македонија за првпат ги добива првите МР Олимпија медали. Јас сум најсреќен човек на светот. За ова живеев со години, се откажував многу пати, но тоа беше посилно од мене, си ветив дека ќе го земам тој медал од МР Олимпија. Посебно сум среќен за Габи, која зеде  два медала. Со ова ја испишавме македонската историја и станавме први горди Македонци коишто освоиле медали на МР Олимпија“, изјави Тоше Зафиров.

Scroll to Top