Трајче Ѓоргиев освои златен медал во Турција

Талентираниот струмичанец Трајче Ѓоргиев, кој со своето учество на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички” ги освои срцата на публиката на овие простори, продолжува да реди успеси и да го освојува целиот свет.

Во изминативе неколку години тој забележа бројни учества на меѓународни фестивали, меѓу кои и Турската олимпијада, каде што се закити со златен медал!

Драги мои, помина цел месец исполнет со прекрасни и незаборавни моменти, месец исполнет со патувања и нови стекнати искуства. Помина втората моја мала турнеја која започна со патување во Америка, на Олимпијадата за генијалци (Genius Olympiad), која се одржа во Њујорк, потоа доживувањата продолжија во Вашингтон, Њу Џерзи, Нијагарините водопади и Освего. Денот кога се вратив дома беше истиот тој ден и кога повторно заминав и го продолжив својот пат кон Германија на големиот Меѓународен фестивал на јазици и култура – IFLC (International festival of language and culture) и ‘Боите на светот’ (Colors of the world), каде што имав два настапи во Штутгарт и Бокум, а после една недела моите настапи продолжија во Белгија, во Брисел на истиот тој фестивал каде го освоив првото место. Помина уште една исполнета недела и кога помислив дека се враќам конечно дома, доживувањата продолжија на местото каде што започна сè, на сцената на ‘Пинкови ѕвездички’ настапив повторно и ја осетив онаа топлина од 2015 година. Денес со полн ќеф и исполнето срце, чест ми е да ви ја претставам песната и видео записот со којa освоив ЗЛАТЕН МЕДАЛ на Турската олимпијада (Turkce Olimpiyatlari) 2017 година. Уживајте”, напиша Трајче претставувајќи ја наградената тема „Unutamam” (Не можам да заборавам), оригинално отпеана и напишана од турскиот музичар Мустафа Џеџели.

Scroll to Top