Семејството Трамп објави божиќна семејна фотографија.
Многумина забележуваат дека на божиќната семејна фотографија на Трамп, на која се гледа како поранешниот американски претседател позира со своите три деца, недостасува неговата сопруга Меланија.
„NY Post“ сега пишува дека дознале дека поранешната прва дама била со својата болна мајка во болница.
53-годишната поранешна манекенка наводно била со нејзината мајка Амалија Кнавс, кога била направена фотографијата споделена на Инстаграм од вереницата на Доналд Трамп Џуниор, Кимберли Гилфојл. На сликата е насмеаниот Трамп (77) со повеќето негови деца.