Викендов во Делчево се одржува шестото издание на фестивалот за транс музика „До зора“. Забвата ќе биде на нова локација, во близина на градскиот стадион, кај поранешниот клуб „Космос“. На годинешното издание на фестисвалот ќе настапт повеќе диџеи и музички имиња, како диџеј Антрикс,Спирт Архитект, Кодра, Далтон и други.
Влезот за фестивалот чини 200 денари преку ден, а по полноќ цената е 300 денари, со тоа што и годинава е овозможена опцијата за кампување.
Фестивалот за првпат се одржа во 2012 година, во делчевското село Стар Истевник, каде се собираа околу стотина вљубеници во транс музиката. Заради големиот интерес, фестивалот две години се одржуваше кај локалитетот „Кула“ во село Чифлик, а сега во Делчево.