Цако ја донираше косата за деца болни од рак

Александар Матовски Цако ја донираше косата за деца болни од рак. Од Здружението за заштита од сите аспекти – Виктори – Битола, објавија фотографија со донираната коса на Цако кој се вклучи во хуманитарната акција на здружението.

„Голема благодарност и до Александар Матовски за донираната коса. Мило ни е што во нашата акција освен од општина Битола ни пристигнуваат донации од цела Македонија. Биди и ти дел од акцијата“, напишаа од здружението.

Помеѓу донаторите на коса може да се забележат и момчиња и девојчиња од сите возрасти кои на некој начин сакаат да им помогнат на болните од карцином. Донациите пристигнуваат од цела земја.

Битола е градот со најмногу заболени од карцином пa по тој повод Здружението за заштита од сите аспекти – Виктори – Битола, Тамара Илиевска и Викторија Брдаровска организираат хуманитарна акција за донирање на коса. Минимална должина на донацијата е 20cm од еден до друг крај на секое влакно.
Scroll to Top