Цако положи со 10-ка, стана дипломиран професор по предучилишно воспитание

Александар Матовски Цако го одбрани својот дипломски труд на Педагошкиот факултет со просек 10-ка. Цако стана дипломиран професор по предучилишно воспитание.

Цако беше прогласен за херој на годината, по неверојатниот успех кој го постигна со останатите танчери од танцовото студио „Dancers United MK“.

По освоеното прво место во Киелце, Полска, македонската јавност не престана да зборува за Александар Матовски – Цако и неговите пријатели.

Покрај танцувањето тој е творец на поезија, има своја радио емисија во која е водител и секако борец за човековите права. На крајот на минатата година тој ја раскажа неговата приказна, а денес запиша уште еден успех во низата.

 

Scroll to Top