Цела фолк естрада ќе се собере на „Прилеп фест“ по две години пауза

 

По пауза од неколку години годинава повторно ќе се одржи фестивалот за „Народна музика“, Припел фест. Закажан е за 26 мај в четврток во домот на културата „Марко Цепенков“.

Организаторите Борче Нечoвски и Дејан Момироски велат дека оваа година прилепчани ги очекува вечер со квалитетни песни и тоа отпеани од најзвучните имиња од нашата фолк-сцена.

„Ни претставува огромно задоволство што повторно ќе го вратиме овој фестивал, бидејќи тој беше и ќе остане еден од симболите на градот Прилеп. Она што може да го ветиме, е квалитетна музика, познати изведувачи докажани на македонската сцена, а се разбира можност ќе добијат и неколку нови имиња“, велат организаторите.

На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а своето учество веќе го потврдија Наум Петрески, Анета Молика, Елена Велевска, Татјана Стефановска, Андријана Кеш и други.

Изведувачите ќе бидат наградени со признание од публиката, како и стручна жири-комисија. Исто така ќе биде доделена и наградата за животно дело.

 

Scroll to Top