Уапсен Боки 13

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, денеска е приведен додека се обидувал да премине граница. Според неофицијални информации, сопственикот на 1ТВ е уапсен поради сомневање за рекет. Полицијата во моментов го носи накај суд.

Заедно со Боки е уапсено уште едно лице.

За потсетување, Јовановски и претходно имаше проблеми со полицијата. Пред неколку години, тој беше фатен на аеродром како се обидел да внесе шверцувана луксузна гардероба и асесоари во земјава. Тогаш царината му изрече казна од 15.000 евра.

Јавноста го запозна Боки 13 пред повеќе од 15 години, кога го организираше средношколкскиот настан „13 за најдобрите“. Тој потоа учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“, сними песна со албанската пејачка Биг Мама со која сакаше да пее на Евровизија. Со години се тужеше со поп-пејачката Елена Ристеска за клевета. Пред нешто повеќе од една година ја отвори телевизијата 1ТВ.

Scroll to Top