Угро се прости од починатиот татко

Слободан Угриновски, таткото на поранешниот пејач Никола Угриновски – Угро и претседател на партијата Титови леви сили, почина вчера, потврди пејачот. Пејачот преку „Фејсбук“ се прости од татка си и му се заблагодари за сè што направил за него во животот.

„Почитувани роднини, пријатели и сите останати, со огромна болка и тага ви соопштувам дека татко ми, Слободан Угриновски, ненадејно почина ноќеска. Погребот ќе биде денеска и ќе биде извршен закопот на посмртните останки на гробиштата во Бутел. Стари, фала за сè и збогум, твојот син“, напиша Угро.

Слободан Угриновски беше долгогодишен претседател на Титови леви сили, македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија, која беше основана на 26 октомври 2005 година.

 

Scroll to Top