Поп-пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ е на одмор во Грција. Таа се пофали дека со синчето Вук летниот одмор го поминува во Сивири, на првиот крак на Халкидики. Поп-пејачката, која живее во Белград, неодамна настапи во Ниш, каде што за мерак на нишлиите ја отпеа „Јовано, Јованке“. Таа беше популарна и како Германката Ула во домашната серија „Преспав“.