Ултрамаратонецот Иван Радев истрча 120 километри и ја заврши познатата светска планинската трка Лавердо во Италија

Точно по една година, ултрамаратонецот Иван Радев од Штип повторно ја трчаше и ја заврши познатата светска планинска трка Лаваредо ултра треил во Кортина Д’Ампецо во Италија. Радев истрча 120 км со искачување од 6.000 метри за 17 часа и 40 минути.
„Среќен крај на еден за мене малку луд план, да трчам два ултрамаратони во еден месец, но за среќа, планините овој пат дозволија соништата да станат реалност. Точно една година по првиот обид, конечно комплетиран целиот круг од 120км околу Tre Cime di Lavaredo. По ланскиот неуспех, главна цел за оваа година ми беше да финиширам, без разлика дали ќе финиширам за два часа порано или подоцна.
Многу малку фалеше и оваа година година да се откажам во првите 30км, но за среќа, секоја криза има свој крај. Патеката е исклучително тешка, техничка, карпеста и предизвикувачка, а убавината на Доломитите те прават да се осеќаш како да трчаш на друга планета. Завршени 120км за 17 часа и 40 минути, време за кое се запознав себе, а и Господ“, рече по трката Радев.
Scroll to Top