Урко со секси каиш на судење

Поранешниот бодигард на Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко денес дојде во кривичниот суд на рочиштето за „Тенк“, предмет што се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра. Тој дојде во судот во улога на сведок. Сепак, она што остави впечаток е модната комбинација на шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер.

Неформалната кошулата во комбинација со фармерки, малку поткинати, Урко ги освежил со секси каиш, велат модните критичари и додаваат дека на судењето бил облечен по последна мода.

Некогашниот телохранител на Груевски, Дејан Митровски – Урко, е магистер по дипломатија на Европскиот универзитет. Покрај  модата, тој најдобро се снаоѓа во боксот. Изминативе години интензивно се занимава со овој спорт, а работи и како личен тренер по бокс. Неодамна објави фотографии од натпревар каде учествувала неговата екипа.

Scroll to Top