Вечерва сите на колективно ментално дечипирање: Шеста сезона „Преспав“

Продуцентите на хит-серијата Преспав на својот официјален Инстаграм профил го најавија почетокот на новата сезона со епизодата „Нов почеток“, која ќе се емитува вечерва во 20.15 часот на МРТ1.

„За секој нов почеток, потребно е да се расчисти со работите од минатото“, велат од продукцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Претходно тие објавија и фотографија од сите актери заедно.

„Се надеваме дека вака собрани ќе нè гледате“, напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Актерот и шоумен Игор Џамабазов, пак, која го игра Миле Бузалевски најави дека од вечерва почнува долгоочекуваното колективно ментално дечипирање,

За постетување, продуцентите и актерите на Преспав неколку пати ја најавија најновата сезона. Неодамна излезе и официјалниот трејлер кој ветува многу хумор и незивесност до самиот крај. Почнувајќи од тајниот сеф кој го најде Миле, до очајниот Томе кому му недостига секс, до Мич кој е решен да ги извади чиповите од вакцините.

(Видео) Миле најде таен сеф, на инспектор Томе му фали секс, а Мич вади чипови од вакцините: Официјалниот трејлер на „Преспав“, почнува новата сезона

 

 

 

Scroll to Top