Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со една од неговите најголеми обожавателки Лидија Гиновска, позната како Лиде Лиде. Таа објави дека конечно ѝ се исполнила желбата да го запознае министерот и сподели нивна заедничка фотографија.
„Конечно упсеав да го сретнам“, напиша таа.
Филипче го исполни ветувањето дека ќе се сретне со Лиде, но за жал не пиеле кафе бидејќи министерот имал обврски. Лиде Лиде стана позната од неговите прес-конференции, и постојано му упатуваше покани за кафе и јавно пишуваше колку и се допаѓа.