Филипче на кафе со Лиде Лиде

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, па на крајот на разговорот прашаа:  „Ваша гледачка на прес-конференциите под името Лиде Лиде постојано ве кани на кафе, дали ќе пиете кафе со неа?

„Еве веднаш штом ќе помине оваа криза, ќе пијам“, одговори Филипче со насмевка, а потоа уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за одржување растојание и носење  маска.

Лиде Лиде стана позната откако на неговите прес-конференции постојано му упатуваше покани за кафе и јавно пишуваше колку ѝ се допаѓа.

Scroll to Top