Вера Мештеровиќ првпат на Виенскиот бал во Скопје

На 16 март во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи Виенскиот бал во Скопје. Ова е 20. издание на  балот. Виенскиот бал во Скопје на нашиве простори стана синоним за успешна културно–уметничка манифестација, и тоа пред сè како резултат на долгогодишната, одлична соработка меѓу организаторот на Балот – Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителот на оваа уметничка манифестација – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

И оваа година Виенскиот бал има хуманитарен карактер.

Концептот и на ова, јубилејно издание на балот е ист како и на изминатите 19 – музика, танц, забава. И оваа година, ќе го почувствуваме автентичниот дух на Виена и звуците ба Штраус.

100-тина врвни уметници ќе бидат дел од програмата на Виенскиот бал: „Јохан Штраус“ оркестарот под диригентската палка на Бисера Чадловска, ЗЏМ Биг бенд, Арт бенд Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ Дексо, Лина Авшар, танцовиот клуб „Прима данца“, а свој настап ќе имаат и солистите на балетот при Македонската опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук.

Ексклузивни гости, пак, ќе бидат и танчерите од танцовата школа „Елмајер“  од Австрија.

Водителка оваа година за прв пат ќе биде манекенката Вера Мештеровиќ.

Scroll to Top