Вереникот на Викторија Лоба во Сојузот на Боки 13

Ѓорѓи Калешов, вереникот на пејачката Викторија Лоба, е член на Управниот одбор во Меѓународниот сојуз на Боки 13. Неговото име е и на официјалниот сајт на хуманитарната организација со која неколку години раководеше неформалниот сопственик на 1ТВ. Викторија Лоба на прашањето што работи вереникот досега кажуваше дека тој е биснисмен. Но, никогаш конкретно не кажа што работи. Ѓорѓи и Викторија се долго време во врска. Се појавија заедно на последниот роденден на Боки. Пејачката најави свадба и во интервју за „Репортер“ раскажа дека подолго време живеат заедно и дека Ѓорѓи ѝ е најголема поддршка во кариерата.

 

 

Scroll to Top