Актерката Весна Бејби не го заборави ниту овој 5-ти октомври, 2017-та, десет години подоцна, по трагичната несреќа која му се случи на нашата најголемата музичка ѕвезда, ангелот Тоше Проески.
Со емотивен автобиографски извадок од својата книга „Трофеј“ таа се потсети на него, на една од нивните средби, разговори, неговите прашања и нејзините одговори, неговите совети и пораки, неговата благородна душа полна со љубов… за сите:
„5.10 .2007-5.10.2017…Десет години и ниту една емоција не се измени,истата жестина,истата страст,истата љубов….
*Знаеше дека треба да живеам на Рузвелтова 3 и сакаше да поминеме да го види станот …..имаше мајстори ,се смееше …..Влеговме во кола и пак истиот муабет :Дали си сигурна?
Му велам :Ама зошто ме прашуваш ?
Ми се заврте,ме бакна,ме гушна ме тргна од себе и ми ја кажа можеби најголемата вистина :
“Знаеш како бејби,нас никогаш нема да не сакаат такви какви што сме ,нас не гледаат како готово пакетче ,орден ,нешто со што сакаат да се пофалат .Никогаш нема да знаеш зошто е некој со тебе .*
*А,ти го сакаш ?*-ме праша .
Јас како секоја жена пред свадба како од пушка:ДА!
Се сврте шеретски се насмеа го запали автомобилот и продолжи да ми зборува :
*Така е и со пријателите ,не знаеш зошто се до тебе ..кога немав за леб никој немаше до мене освен моите ,кога се враќам нов ,подготвен се околу мене ..Да размислиш уште еднаш ?*-пак тој се врати со својата мака за мене.
*ТРОФЕЈ“ – ова го постираше актерката и радио и ТВ водителка на својот Фејсбук профил, чувајќи ги спомените на него, за себе како… „Трофеј“!