Весна Бејби : Срам да ви е судија! За најмал допир кон малолетно дете од возрасен е нула толеранција

Актерката Весна Бејби Петрушевска е згрозена од одлуката на велешкиот суд напаѓачот на 17-годишната Мартина Дејаноска да добие само една година ефективен затвор, по што распали по велешкиот судија.

Таа ја поддржа девојката и порача дека пред неа е долг и тежок период.

„Една година затвор? 23 месеци траел процесот? Па што ви требаше толку долго и на крај да сте срам со пресудава. Пред ова девојче, колку нам и да ни се чини храбро со својата изјава,  е тешка борба на совладувања, премрежја, ментални состојби за кои многу малку се зборува. Мартина е херој, но ние како општество и правосуден систем сме ја разочарале.

Не ни можете да замислите што ѝ се случувало кога гледала дека предаторот оди на работа во образовна институција. Жртвата никогаш не е виновна и аман разберете дека е нула толеранција за најмал допир кон малолетно дете од страна на возрасен!! Срам да ви е Велес! Срам за судијата во Велес!“, напиша во својата објава на Фејсбук.

Една година затвор?23 месеци траел процесот ?Па што ви требаше толку долго и на крај да сстр срам со пресудава.Ова…

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Четврток, 22 април 2021

Scroll to Top