Новинарот Матеја Петровски од Алфа телевизија ја запроси својата девојка во аптека. Идејата за ова има и причина, вели Матеј, затоа што тие двајца се запознале во аптеката „Еурофарм“, каде како работи неговата идна сопруга.
Во видеото се гледа дека Моника е прилично изненадена, а аплауз и воодушевување доби од колешки.
„Тука се запознавме љубов моја“, вели новинарот откако и го даде прстенот на Моника.