Марио и Антонио од 2Бона ги напишаа музиката и текстот за песната „Лажи ме“ на Блу бенд. Ова е втора песна на петмината момци, кои постојат како бенд од 2017 година. Во „Блу бенд“ членуваат Диме – вокал, Зоки – клавјатури, Бојан – клавјатури, Дарко – тапани и Благоја – гитара.
Со првиот сингл „Револвер“, кој исто така беше дело на 2Бона, тие оставија впечаток кај тинејџерската публика. Втората песна е со брз и со модерен ритам. Видеото го изработи Крсте Шупев.
„Веќе некое време работиме на уште нешто ново и наскоро ќе го промовираме“, најавуваат момците.