(Видео) Адам Атлета во Занзибар ја побара за жена Кристина, фитнес-парот отвори шампањ на зајдисонце

Персоналниот тренер Адам Глигороски или попознат како Адам Атлета ја побара за жена неговата девојка Кристина Неделковска. Запросувањето било за време на туристичка тура на бродче додека летуваат на Занзибар.

Парот прославил со шампањ и локална музика додека се журкаат на бродчето со другите туристи. На социјалните мрежи објавија фотографии и видеа од моментот на свршувачката.

„Мојата љубов кажа да“, напиша Адам.

Кристина е фитнес тренер во фитнес клубот Атлета во Скопје, чиј сопственик е нејзиниот дечко Адам. Таа во 2018 година стана фитнес вицепампион на Македонија во категоријата фитнес натпреварувања каде се бара женствена фигура со облини.




 

Scroll to Top