(Видео) Адам Лабунски доби голем бакшиш оти му ја погоди песната на натпреварувач во „Задруга“

Македонскиот пејач Адам Лабунски, кој веќе неколку месеци се натпреварува во „Задруга“, пееше и ги забавуваше учесниците во шоуто и си заработи голем бакшиш. Додека останатите станари се коцкаа, бидејќи им организираа казино-вечер, Лабунски за мерак на Марко Јањушевиќ Јањуш го отпеа хитот од Ацо Пејовиќ, „Не питај“, па Јануш му ги даде сите пари што ги имаше во себе.

Видеото има преку 160.000 прегледи за два дена, а оние што ја гледаат „Задруга“ коментираат дека Лабунски има прекрасен глас и дека неговиот талент не е доволно ценет.

„Cе eжaм додека го слушам како пее, Тој пее подобро од пола естрада, Браво Македонче“ се дел од коментарите.

Scroll to Top