Поп-пејачот Адријан Гаџа среде Венеција играше на една од најпопуларните кореографии на „Тик-ток“. Тој и брат му, виолинистот Дритон Гаџа, танцуваа на плоштадот Свети Марко, додека туристите ги гледаа и ги снимаа. Адријан видеото го објави на интернет, а фановите на шега му велат дека тотално откачил.
Адријан и Дритон деновиве се во Италија, па објавуваат фотографии и видеа од нивното патување во Верона, Венеција, Кремона, Лингано.
View this post on Instagram