(Видео) „Ај Кју“ го освојуваат Лондон

By

Македонската група „Ај Кју“ има нова песна, „Денсин“. Минатогодишните евровизиски претставници на Македонија, новата песна ја снимија во студио во Лондон. Текстот на песната е на Бојан Трајковски, а спотот го режираше Џејмс Галант.

„Текстот е малку скокотлив и тоа уште повеќе доаѓа до израз со шепотењето во првата половина од песната, за на крај да кулминираат желбите и копнежите“, вели Бојан од „Ај кју“.

Марија и Бојан во моментов се во Лондон и ќе имаат настап во Ројал Воксал Таверн.

Ќе ви се допадне