Македонските евровизиски претставници, „Ај Кју“, утрово ја одржаа првата проба во Лисабон. Тие имаа 30 минути на евровизиската сцена. Освен техничкиот дел, заедно со пратечките вокали ја вежбаа и кореографијата. Кусото видео од пробата дава почетна слика за тоа како ќе изгледа настапот на нашите претставници, но и што, најверојатно ќе носат на сцената.
„Ај Кју“ ќе ја пеат Lost and Found во првото полуфинале на 8 мај, а ќе настапат како единаесетти.