(Видео) „Ај кју“ ќе прави кариера во Британија

Бојан и Марија, познати како „Ај кју“, вчера ја промовираа својата нова песна Love Me, Hate Me. Песната на англиски јазик ја снимија неодамна во студио во Лондон. Ова е втора песна што дуото ја снима во Британија, откако лани ја испеаја Dancin’. Песната, се надеваат, ќе се најде на англиските топ-листи, рече неодамна Марија за „Репортер“.

„Ај кју“ и претходно пееја на англиски. Тие пред две години ја претставуваа Македонија на Евровизија со песната Lost аnd Found. Оттогаш, настапуваа на повеќе евровизиски забави низ Европа, а имаа и неколку концерти во Австралија.

Scroll to Top