(Видео) Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа снимија песна, „Танцувај со мене“

Актерот и пејач Жарко Димоски ја промовираше својата нова песна „Танцувај со мене“. Автор на песната и аранжманот е пејачот Димитар Андоновски, додека текстот го напишаа Жарко и неговата сопруга Андреа, кои ги имаат главните улоги во спотот.

Жарко се надева дека песната брзо ќе биде прифатена од публиката и дека ќе стане голем хит. Покрај песната тој ја промовираше и својата прва книга „Пеперутка“. Станува збор за стихозбирка на Димоски во издавништво на издавачкиот центар „Три“.

Scroll to Top