(Видео) Александар и Дац на годишнината од „Корона чао“, не вакцинираа со нов кавер

Боемското дуо за добро расположение, Драган Спасов-Дац и Александар Митевски, на годишнина од објавата на нивниот хит „Корона Чао“, ги израдуваа фановите со нова преработка и кавер, „Вакцина“.

Станува збор за преработка на песната „Марина“ од Роко Граната, а како специјален гостин во спотот се појавува Денис Јанкуловски – Космонаутко.

„Пристигна вакцина за добро расположение. И тоа како подарок за вас, на денешниот роденден на „Корона Чао“. Убавите идеи се раѓаат наеднаш, од никаде, од секаде. Ќе светне како сијаличка и треба да ја зграпчиш и да се зафатиш со неа, за да излезе онака како што посакуваш. Сѐ се сними и направи за еден ден, како што обично знаеме. Но, насмевката на лице и доброто расположение ќе ви траат со денови и месеци. Ова е една наша идеја на која не ѝ дозволивме да ни побегне. Ширете ја насекаде. Искрено се надеваме дека трудот не беше залуден“, порачаа музичарите под објавата на премиерата на песната.

Scroll to Top