Рок-пејачот Александар Јосифовски од Охрид викендов пееше во „Ѕвездите на Гранд“. Тој по пауза од една година пак се појави во музичкото шоу и настапи директно во петтиот круг. Облечен во бело, во стилот на Елвис, тој ги испеа „Брод у боци“ од Оливер Драгојевиќ и „Кап по кап“ од „Дивље јагоде“.
„Се наежив“, коментираше Вики додека пееше Александар. Негов ментор е Ѓорѓе Давид.
Македонскиот пејач освои шест гласа, исто колку и неговиот противкандидат, Едис од Црна Гора, но наместо жирито да прегласува, Саша Поповиќ веднаш кажа дека двајцата кандидати ќе одат во шестиот круг. На тоа Марија му одговори: „Поради твојата одлука лани, испадна најдобриот рок-пејач во шоуто, немој да згрешиш пак со Александар“.
Настапот на Јосифовски почнува на 1:45:40.