(Видео) Александар Ристовски во Швајцарија сними спот за новата балада

Македонскиот пејач Александар Ристовски има нова балада, „Крајот песна пишува“. Тој ги направи музиката и аранжманот, а текстот е на Огнен Неделковски. За песната сними и спот на неколку локации во Швајцарија, а режисер е Даниел Јовески. Ова е прва песна на Рисовски по една година пауза, откако лани ја испеа „Животот е како игра“.

„Ги следам музичките трендови и важно ми е кој тим стои зад еден музички проект. Чест е да се соработува со текстописец како Огнен Неделковски и режисер како Даниел Јовески. Нивната работа ја следам уште од времето кога живеев во Македонија и аматерски се занимавав со музика. Ова е наша прва заедничка соработка, но судејќи според реакциите на публиката, сигурно не и последна. Енергијата ни се спои веднаш. Јас ги создадов музиката и аранжманот, додека за текстот и видеото, целосната доверба им ја дадов ним“, вели Ристовски.

Тој веќе 5 години живее и работи во Берн каде што има свое музичко студио, а чест гостин е на концертите кои ги организираат македонските здруженија во Швајцарија.

„Често доаѓам во Скопје и сакам да следам сè што се случува на нашата музичка сцена. Соработувам со многу македонски и балкански музичари. Тие се и чести гости во моето студио во Берн, бидејќи дел од нив живеат тука. Освен нови песни, сакам да најавам уште еден голем проект кој започнува наскоро, а тоа е конкурс за млади текстописци, каде ќе се избира најдобар текст, а најдобриот млад текстописец ќе биде награден од страна на моето музичко студио, додава Ристовски.

Scroll to Top