(Видео) Александра Пилева растури со македонски рок во Чикаго

Македонската пејачка Александра Пилева вчеравечер имаше одличен настап на Македонска конвенција во Чикаго. Македонци од Америка и Канда, собрани на едно место каде имаа прилика да ираат, да се забавуваат, запознаваат меѓусебе и да уживаат. Пилева вчера имаше светски настап, модерен, а освен што пееше свои песни, таа цела сала на нозе ја крена кога ја запеа безвременскиата „Сите мои слики“ од Ареа. Дури и Ружица Брчиовска коментираше дека само Пилева може толку моќно да ја отпее нејзината песна. Тука беше и Влатко Лозановскии, кој неодамна отпатува на прва Американска турнеја.

Александра Пилева-Чадиев долги години беше дел од македонска музичка сцена. Кариерта ја започна откако тогаш М2 Потрега по ѕвезди ја откри на музичката сцена. Таа победи на Макфест со песната  „Нема утеха“, која и денес важи за една од најубавите македонски песни. Се омажи со одбојкарскиот тренер Зоран Чадиев, а  по раѓањето на синот синот Лука заминаа во Чикаго каде живаат веќе девет години.

 

Scroll to Top