Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски -Џани по една помината во фудбалскиот клуб Фенербахче го напушти и се врати во саудиски Ал Ахли.
Алиоски помина една година на позајмица во турскиот гигант, а сега официјално се збогуваше со клубот.
„Секогаш е тешко да се каже збогум, но таков е животот. Благодарам на големата поддршка и ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб“, објави Алиоски.
Во својата клупска кариера Алиоски беше дел и од Лидс Јунајтед, Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.