Актерот Сашо Тасевски повторно е хит на социјалните мрежи по објавеното видео од одмор. Инспириран од сè она што се случува во Македонија изминатиот период, тој најде начин како да ги исмее СЈО, Мијалков и Латас, откако го препеа летниот хит „Ѕм ѕм ѕм“ од Мирко Митревски.
„Ало началниче ни го бапнаа“, е само дел од песната со која Сашо се потсмева со политичката ситуација во земјава.
„Летен хит. Ѕма ѕма ѕм (ремиХ 2019). Кореографијата е на светски познатиот Џон Куртон Фон Сурла Од Слон“, напиша Тасевски на „Фејсбук“.