Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл на англиски, Keep All The Love. Овој пат песната е во соработката со Дофеин, музичар со македонско потекло кој живее во странство. Песната e во клупски и фестивалски звук. Како и претходните, и оваа промовира различен стил на музика во Македонија.
За Keep All The Love, момците од БДМ направија интересно видео. Спотот го режираше Виктор Стоимиров, а е снимен во Мичиген, САД, со американски модели.
„Овој спот е продолжение на првиот спот на БДМ, за песната Lее, кој излезе пред точно три години на истиот овој датум. Ова е трет спот што го снимаме Виктор и презадоволни сме од тоа како изгледаат нашите видеа, па затоа оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, велат момците од БДМ.