Македонската претставничка на Евросонг Андреа Коевска денеска ја имаше втората проба во Торино. Организаторите објавија кратко видео од настапот, а фановите велат дека им се допаѓа нејзиното пеење и како таа изгледа на сцената.
Андреа деновиве привлекува големо внимание во Торино, постојано дава интервјуа и вели дека освен што одлично се забавува, ужива во времето поминато на Евросонг, па едвај го чека својот настап.
И шефицата на делегација, Мери Попова, во интервју за „Репортер“ кажа дека Андреа е моќна и самоуверена во својот настап.
„Морам да признаам дека пред првата проба секогаш меѓу нас постои благ стрес, но откако заврши пробата, во делегацијата владее едно општо задоволство. Се разбира, имаме уште работа, промени, но подготвеноста на организаторот РАИ ни дава сигурност дека до нашето полуфинале сè ќе изгледа многу подобро. Андреа е толку моќна и самоуверена во придружба на Ана Петановска и Рената Кралевска, што навистина звучеа извонредно. Знам дека со нетрпение очекува повторно да се качи на сцената“, ни откри Попова.
Мери Попова пред Евросонг: Андреа е моќна и самоуверена на сцената во Торино