Поп-пејачката и професорка по виолина Андријана Јаневска е на одмор во Охрид. Таа на „Фејсбук“ објави видео во кое плива во Охридското Езеро во стилот „делфин“, па ѝ се заблагодари на пливачката Наташа Мешковска што ја научила да плива во овој стил.
„Вежбам делфин во Охрид. Наташа Месковска, фала што ме научи, сега ќе ти го земам лебот“, напиша Јаневска на видеото.
„Полесно е со кајче и со пента“, ѝ порача на Андријана во коментар пејачот Наум Петрески.
Јаневска последниов период е повторно активна на музичката сцена. Таа во март ја промовираше својата песна „Дај пољуби ме“. Неодамна, пејачката се пофали дека нејзината сестра Николина се омажила со Италијанец и дека направиле раскошна свадба на езерото Комо.
(Галерија) Се омажи сестрата на Андријана Јаневска, раскошна свадба на езерото Комо