(Видео) Андријана Јаневска прва виолина во светски оркестар во Лондон

Пејачката и професорка по виолина Андријана Јаневска ќе биде единствен претставник на Македонија во проектот „Планетарен оркестар“ што го организира „Универзал мјузик“ од Лондон. Таа ќе настапи како прва виолина во оркестарот во кој ќе свири по еден музичар од секоја земја од целиот свет. Оркестарот ќе ја отсвири композицијата Together Is Beautiful на композиторот Џорџ Фентон.

„Пресреќна сум што добив покана за проектот Together is beautiful како прва виолина во светскиот оркестар и единствен претставник од Република Македонија. Верувам дека композицијата на композиторот Џорџ Фентон ќе успее да го обедини целиот свет, онака како што само музиката умее“, напиша Јаневска на „Фејсбук“ и додаде дека наскоро ќе открие повеќе детали за проектот.

Пејачката, која долги години е активна на музичката сцена, неодамна во Загреб сними спот за песната „Дај пољуби ме“, која ја испеа во соработка со Дел Гадо.

 

Scroll to Top