(Видео) Антонела Трајковска преработи песна од Адел

Младата Антонела Трајковска ја преработи композицијата „Million years ago“ од Адел. Таа е дел од музичкото училиште и продукција „Мјузик рум“ и работи на креирање нова музика преку која сака да го покаже својот талент и да се пробие на музичката сцена.

Зад Антонела и продукцијата „Мјузик рум“ стои пејачката Анета Мицова. Според неа, Трајковска со труд и работа ќе го најде своето место во музичкиот свет.

„Ние како продукција и музичко училиште, застанавме зад реализацијата на овој видеоспот и преработката на композицијата. Антонела е извонреден талент и допрва ќе покаже што знае. Работиме на усовршување на младите таленти бидејќи само така се стигнува до врвот“, вели Анита Мицова.

Scroll to Top