(Видео) Антонија Гиговска и Антиќ во љубов: ново видео на поп-пејачката

„Магнет“ е насловот на новата песна на  Антониа Гиговска, која вчеравечер ја промовираше на социјални мрежи. И овој пат таа соработуваше со Лазар Цветкоски, а текстот го напишам познатиот рапер Тајзи. Атониа сними и спот кој го режираше  Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, со кого таа снимаше и на претходната песна „Магла“.

„Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видеоспот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како изгледа се. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно од се. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим“, вели Гиговска.

Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нешто ново сза кое вели дека позитивно ќе ја изненадат публиката. Во план е за неколку месеци да го издаде и својот прв албум на кој веќе работат Лазар Цветкоски и Тајзи.

Scroll to Top