(Видео) Антониа Гиговска падна и го освои жирито, пејачката во финале на „Пинкови ѕвездички“

Македонската пејачка Антониа Гиговска по синоќешниот настап со песната на Лара Фаблан Je t’aime влезе во финалето на „Пинкови ѕвездички“. И покрај малата незгода за време на сценската изведба, Гиговска ги освои симпатиите кај жирито.

Пејачката се сопна од една од девојките кои беа со неа и играа на сцената, но брзо стана и продолжи да пее. Според жирито, киксот бил плус за неа, затоа што Антониа ја покажала својата професионалност.

„Кога можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да ја пееш најтешката песна. Ти честитам на твојата песна. Мојата ќерка и јас често ја слушаме. Ти честитам на тебе и на Тамара на пласманот на Евровизија. Бевте прекрасни, тоа е успех за Македонија. Јас со целото срце, покрај Невена навивав и за вас“, изјави Гоца Тржан.

Вториот член од жирито Луција сметала дека Антониа намерно паднала.

„Ти си пејач со извонреден калибар. Никој ништо не може да ти замери. Мојата другарка ми рече, „Ако Антониа не победи, јас го оставам телефонот“. Се надевам дека голем дел од нашата публика ќе гласа за тебе“, изјавила Леонита Вукомановиќ.

„Ти немаше никаква грешка. Не паѓаат сите. Паѓаат само одбраните. Ти си вечерва меѓу одбраните“, изјави Наташа Беквалац.

Scroll to Top