(Видео) Антониа го растури жирито, повторно најдобра со Тони Цетински

Антониа Гиговска (18) и вчера го растури жирито, откако последна настапи на „Пинкови ѕвезди-Сите ѕвезди“, овој пат со песната „Како во сон“, од хравтскиот пејач Тони Цетински.

И вчера, на музичкиот напревар никој не одолеа на нејзината изведба, особено не  женскиот дел од жирито,  Киа Коцкар, Леонтина Вукомановиќ, Гоца Тржан и Наташа Беквалац, кои уште пред да почне да пее ги кренаа столиците, додека Милан Станковиќ, нешто подоцна.

Леонтина и рече дека е совршена

„Уживање е да те слушаме како пееше.. Просто совршена си. Ова е некоја посебно направена матрица, затоа и твојот глас дојде до израз“, и рече Леонтина.

Воодушевување од настапот

Киа пак и рече: „Не е чудо што си ги имала сите петки . По мене и тука заслужена петка. И ние, веќе по навика, се креваме со столиците за да те слушнеме како пееш.

Гледјте го видетото:

Scroll to Top