(Видео) Антонио Пејоски има нов летен хит

По подолга пауза Антонио Пејоски има нова песна „Колку те посакувам“. Станува збор за летна автобиографска песна чиј автор на музика и текст е самиот Пејоски, додека аранжманот е на Методија Столески.

Главните улоги во спотот ги имаат Светлана Куциноска и Мартин Јузмески, а покрај нив се појавуваат и Марко Лазароскси на гитара и Кирил Митрески на клавијатури. Видеото го снимаше режисерот Кристијан Љушев, крај Охридското Езеро кај Претор и ресортот Цоца Сливница.

„Сакав само да пренесам порака за љубов и да порачам дека кога нешто во животот се прави со љубов и искрена желба тогаш не постои нешто што не можете да го направите. Направена е во реге тон, односно е убава комбинација од наши, карактеристични, инструменти со звук што се слуша во светот. Сакав да имам нешто поразлично од музиката која е актуелна на нашите простори периодов и навистина верувам во песната“, ни рече Антонио.

Тој е задоволен од реакциите од публиката кои се позитивни и дека иако е пуштена пред само неколку дена публиката веќе ја пее на неговите настапи.

Scroll to Top