Актерскиот пар Јелена Јованова и Стјепан Периќ се вљубија пред 10 години на снимање на серијата „Тајни“, се венчаа, а во 2020 година станаа родители на синот Јаков. Двајцата актери и сопружници следната година ги очекува прикажувањето на нова ирската серија во која заедно глумат. Деновиве Јелена во Загреб го претстави својот нов филм „Нешто слатко“ во кој игра со Сашко Коцев, а пред премиерата двојката даде интервју за хрватскиот ИН магазин.
Од она што го раскажаа во интервјуто дознавме дека Јелена се труди да го научи храватскиот јазик колку може подобро заради синот. Но, дека и на Стјепан добро му оди македонскиот. „ Па, да разбирам македонски, и знам да зборувам, ама немам баш прилика за често да зборувам“, на што Јованова го надополнува „Добро му оди“.
Во интервјуто Јелена и Стјепан раскажаа за заедничката ирска серија во која играат, но и дека постојано патуваат, а тоа што се колеги само им помага да се надополнуваат.
„Откако ни е роден синот, ретко да ни се поклопат проектите и тоа е одлично, па можеме да се усогласиме и со обврските и со Јаков“, велат и двајцата.
За новиот филм на својата сопруга Стјепан вели: Не можам да го гледам како гледач, затоа што сум актер. Внимаваш на секој детаљ и даваш сугестии, ама тоа е затоа што јас и сакам се најдобро. Мислам дека малку бев строг во однос на тоа“ искрен е Перичиќ.
Јелена пак откри дека многу негови идеи и сугестии биле прифатени од екипата во филмот, откако Стјепан прв ја погледнал работната верзија на филмот.
Во разговорот открија и дека Јелена многу сака да јаде слатко, па постојано има прави торти и колачи по дома. Вели дека таа е повеќе по здравите тори, ама дома не сите сакаат здрави слатки
„Мислев ќе ги научам дома синот на на здрави слатки, ама, тешко оди тоа“, искрена е Јованова.